Џими Кимел водител на Оскарите 2017

6 декември 2016

Џими Кимел ќе биде водител на Оскарите 2017-та, објави Variety.

Кимел досега беше домаќин на неколку шоуа и тоа 2012 и 2016 ЕМИ наградите, пет години ги водеше Американските музички награди кои се емитуваат на Еј Би Си. Ова ќе биде прв пат за него да се појави како водител на Оскарите.

Изборот за Кимел според некои извори е поради неговата огромна гледаност со неговото шоу како инеговиот нов договор со продукцијата вредна 75 милиони долари.

Кимел самиот ја потврди оваа вест, преку неговиот твитер велејќи дека неговата одмазда ќе биде слатка и страшна. Академијата пак вели дека Кимел поседува квалитети какви заслужува оскаровската вечер.

Дон Хадсон изјави: Оскарите се во вистински раце.Тој има остро сечило, забавен е, непредвидлив и е докажан во своето мајсторство како водител низ целиот свет.

89-то издание на Оскарите ќе се емитува на 26 февруари 2017 година, а ќе го пренесува Еј Би Си.

 

Објавено:
6 декември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
263 пати