По турбулентниот период и завшувањето на судскиот процес во кој тој и неговата поранешна сопрува Амбер Херд се тужеа меѓусебно за клевета, актерот Џони Деп се обидува да се врати во светот на филмот.
Фото: rollingstone.com
Овојпат актерот ќе режира биографски филм за прославениот италијански сликар Амедео Модилјани, кој иако на 35 годишна возраст умрел во сиромаштија во 1920 година, тој кој подоцна станал познат по неговите актови со издолжени лица и екстремитети.
Фото: antiquestradegazette.com
Според Холивуд Репортер, Деп ќе го продуцира филмот заедно со актерот Ал Пачино, кој се обиде и не успеа да го извади биографскиот филм за Модиљани во режија на Мартин Скорсезе во 1980-тите.
Иако засега не се објавени детали за кастингот, ниту се знае кој ќе го игра уметникот, она што е познато е дека филмот ќе претставува адаптација на драмата „Модилјани" на Денис Мекинтајр, која премиерно беше прикажана во 1979 година.
Фото: wikimedia.org
Дејствието во драмата е сместено во 1916 година за време на кризниот период во животот на уметникот и ги прикажува колегите уметници Морис Утрило и Шаим Соутин, како и поетесата Беатрис Хестингс која во тоа време била љубовница и муза на Модилјани. Филмот ќе биде во продукција на европската продукциска компанија на Деп „Infinitum Nihil".
Оој филм нема да биде режисерско деби за Деп. Во 1995 година, тој го режираше вестерн филмот „Храбрите", каде глумеше заедно со легендарниот Марлон Брандо.