Џордан Питерсон: Споредете се себеси со вчерашната ваша верзија, а не со некој друг од денес

6 септември 2019

„12 животни правила" на еден од највлијателните современи интелектуалци и психолози, Џордан Б. Питерсон, e книга која има моќ да ви го промени животот.

Затоа ова дело на канадскиот професор по психологија на Универзитетот во Торонто, е едно од најзначајните во современата психологија и несомнено ужива голема популарност.

„Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и најголемите книжевни дела на човештвото, а пред сè од својата долгогодишна практика, угледниот и светски познат клинички психолог Џордан Питерсон кого Њујорк тајмс го прогласи за еден од „највлијателните интелектуалци на нашето време" ја резимира вредната етичка, психолошка и филозофска мудрост преточувајќи ја во дванаесет едноставни начела за живот вреден за живеење.
Длабока книга што ќе ве поведе на патот кон вашето најсуштинско јас и ќе го разбуди полниот потенцијал на вашето Битие! Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на 12 животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб-канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи", се вели во кратката биографија на Питерсон.

Книгата е преведена и на македонски јазик, а може да ја најдете во продажните места на издавачкиот центар „Три".


Во продолжение ги изнесуваме 12-те поглавја во книгата, зад кои се раскажуваат темелни, длабоки психолошки теми.

1. Стојте исправено и исправете ги рамената

2. Однесувајте се кон себе како да сте личност за која се грижите

3. Спријателете се со луѓе што ви го посакуваат најдоброто

4. Споредете се себеси со вчерашната ваша верзија, а не со некој друг од денес

5. Не дозволувајте им на децата да прават нешто што ќе ве натера да не ви се допаѓаат

6. Средете си ја куќата пред да почнете да го критикувате светот

7. Обидете се да се насочите кон нешто значајно (а не само корисно)

8. Кажувајте ја вистината - или барем не лажете

9. Претпоставете дека личноста со која разговарате знае нешто што вие не го знаете

10. Зборувајте прецизно

11. Не замарајте го детето што вози скирол

12. Помогнете ѝ на мачката што ќе ја видите на улица

 

Објавено:
6 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
351 пати