Џулија Робертс и Џорџ Клуни повторно заедно на филмското платно

10 ноември 2021

Долгогодишни пријатели, неколку пати делеа и филмски проекти, Џулија Робертс и Џорџ Клуни после подолга пауза повторно ќе ги гледаме заедно!

Актерката најави нов проект на нејзиниот Инстаграм профил. 

 

Се работи за романтична комедија со наслов „Ticket To Paradise“, а снимањето ќе започне наскоро и ќе се одвива во Австралија.

Дејството е околу двојка која е разделена и патува на Бали за да ја запрат венчавката на својата ќерка. Покрај Робертс и Клуни, во филмот ќе ја гледаме и 24 годишната Кејтлин Девер, а режисер е Ол Паркер. 

Филмот ќе биде во кината во септември следната година.

Едвај чекаме!

 

Објавено:
10 ноември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
390 пати