Џулија Робертс во само две минути ја кажува вистината

21 ноември 2016

Џулија Робертс, Харисон Форд, Кевин Спејси, Едвард Нортон, Пенелопе Круз, Роберт Редфорд и Јан Сомерхалдер се ликовите кои со заеднички сили ја бранат природата и нејзините извори, а се со цел да не потсетат за најзначајната улога на природата.

Човекот неуморно ја уништува природата. Џулија Робертс во видеото зборува во име на Мајката Природа. Во секое кратко филмче актерите зборуваат за важноста на зачувување на природата  и дискутираат за човештвото.

Организирано и спонзорирано од организацијата Conservation Awareness е само еден од низата проекти за заштита на природата.Оваа организација се веќе 27 години се занимава со оваа проблематика и се обидува да ја разбуди свеста и совеста кај поединецот. Нивната визија е едноставна и ефективна. Не се заинтересирани за работа на кратки патеки, туку нивната мисија е долгогодишна, соработуваат со локални и глобални организации за заштита на природата.

„Природата е есенцијална од секој возможен аспект кога станува збор за нашиот опстанок и нашето добро. Луѓето земаат многу повеќе од неа отколку што навистина им е потребно. На природата луѓето не и се потребни, таа им е потребна на луѓето“.

Ние не смееме да продолжиме економски да ја експлоатираме природата ниту пак научните истражувања да ни бидат оправдувања. Гласот на Мајка природа преку емоцијата на Џулија Робертс не потсетува дека Земјата е константно запоставувана, ако ние ја подржиме и ја заштитиме и таа нас ќе не одржува во живот.

Ние мора да ја почитуваме природата и да ја сакаме планетата на која живееме.

 

Објавено:
21 ноември 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.482 пати