Ѕирнете во палатата на г-дин Дарси

19 ноември 2014

files (5)

Луксузниот имот на г-дин Дарси, кој сите имаме впечаток дека сме го виделе благодарение на „Гордост и предрасуда“ на британската авторка Џејн Остин, сега се продава и тоа за седум милиони фунти. По овој повод, во странските медиуми се појавија фотографии од кои можеме навистина да видиме како изгледа ова раскошно здание од 18-ти век.

Сегашниот сопственик е Клифорд Њуболд, кој имотот го купи пред 15 години за 1,5 милиони фунти.

„Кога го купивме пред 15 години, се вљубивме во имотот и се трудевме кон него да се однесуваме со најголемо можно внимание, за да го задржи шармот што му го дава и прекрасната околина и импонзантна архитектура. Но, нашиот татко оваа година полни 90 години и веќе нема толку енергија како порано, па одлучивме дека дојде време имотот да го дадеме во рацете на некој кој може да му го посвети сето време на овој свет“, се вели во соопштението на семејството Њуболд.

Инаку, имотот Wentwort Woodhouse се наоѓа во јужен Јокшир, на северот на Англија и е најголемиот приватен имот во Европа, со големина околу милион квадратни метри. И покрај ексклузивноста што ја носи сам по себе, времето си го направило своето, па тој што ќе го купи ќе има дополнителни трошоци од 42 милиони фунти, за да се направат неопходните поправки во домот.

files (1)

Раскошното здание има дури 365 соби, а деловите од вилата се толку многу оддалечени еден од друг што ви треба една голема прошетка да стасате на саканото место, поради што еден дел од куќата е наречен „the village“.

Во времето кога бил изграден (околу 1725 година), сè следен првиот маркиз Рокингам, кој всушност имотот го градел за себе и своето семејство.

Кој ќе биде новиот сопственик останува да видиме, а во продолжение погледнете дел од убавината на прекрасниот имот, што ја инспирираше и легендарната Џејн Остин.

files (2)

files (3)

files (4)

files

Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Култура