Ѕвездена изложба на фотографот Дејвид Бејли

29 јули 2014

Големата фотографска изложба на портрети, потпишана од Дејвид Бејли која изминатиов период беше сместена во Националната портретна галерија во Лондон, од вчера официјално се премести во црквата Света Ана во Франција и ќе остане се до 21 септември.

Џери Хол и Хелмут Њутн 1983 Џери Хол и Хелмут Њутн 1983

Повеќе од 50 години, Дејвид Бејли работи за големите модни списанија, фотографира кампањи за дел од најголемите дизајнерски имиња, режира видеа, филмови и работи на тон други проекти. Со неговата сестраност особено кон фотографската уметност и острата перцепција има навистина импресивно портфолио кое го рангира на листата на најуспешните. За да го покаже своето изострено чувство за фотографија тој неодамна организираше ретроспективна изложба на портрети во Националната портретна галерија во Лондон каде беа изложени преку 250 фотографии. Од вчера ѕвездената прашина која ја крена со своите портрети во кралската престолнина се пресели во градот Арл во Јужна Франција.

Каролина Куркова 2004 година Каролина Куркова 2004 година

Бејли реши да ги собере своите фотографски искуства во овие педесет години и да ги „зароби“ лицата на познатите музичари, актери, дизајнери, писатели и уметници во своја фотографска рамка. Изложбата опфаќа неколку тематски целини. Во едниот се вклучени портрети од негови едиторијали, фотосесии и кампањи, во другата целина се наоѓаат лицата на славните холивудски личности, а во третиот дел влегоа луѓе кои биле познати во еден одреден временски период.

Кејт Мос 2013 Кејт Мос 2013

Имено изложбата на Дејвид Бејли ќе биде дел од 45 издание на фестивалот за фотографија во Арл, а неговите дела ќе бидат изложени се до 21 септември 2014 година. Фотографиите се изложени во црквата Света Ана во Арл.

Маноло Бланик и Мери Хелвин Маноло Бланик и Мери Хелвин

Мик Џегер 1964 Мик Џегер 1964

Су Мурај Су Мурај

Rolling Stones 1968 Rolling Stones 1968

 

 

 

Објавено:
29 јули 2014
Категорија: 
Култура