Еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда“ со две изведби на сцената на Национална опера и балет

30 јануари 2020

Еден од бисерите на балетската уметност „Есмералда" - Чезаре Пуњи, овој пат на сцената на Националната опера и балет ќе има две изведби и тоа утре, на 31.1 и следниот вторник, на 4.2.2020 со почеток во 20 часот.

Приказната за убавата Есмералда, инспирирана од романот „Ѕвонарот на Богородичната црква" од Виктор Иго, кај нас ќе јас пренесе реномираниот кореограф од Русија, Михаил Крапивин, сценографијата е на Живојин Трајановиќ, додека костимограф е Љупка Ристовска.

Во главните улоги настапуваат: Марија Кичевска Шокаровска (31.1), Васил Чичијашвили (31.1), Мими Поп Алексова Атанасовска (4.2), Бобан Ковачевски (4.2), Христина Наќевска, Ендру Кук (Англија), Мирослав Митрашиновиќ, Марија Јосифовска Ристовска, Илијана Данилов, Саша Евтимова, Игор Веланоски, Балаж Лашеи (Унгарија), Ервис Кочеку (Албанија), балетски солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Бисера Чадловска.

Билети на билетарницата на Националната опера и балет и online на www.operabalet.mk.

 

Објавено:
30 јануари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
933 пати
Тагови: 
Есмералда балет