Единаесетгодишна Иранка е најпаметниот човек на светот

15 август 2019

Тара Шарифи е името на 11-годишната Иранка која за сега е најпаметниот човек на светот. Малата Тара заедно со своите родители живее во Лондон, а во заеднички договор со нив, го прави Менса IQ тестот.

Остварува резултат од 162, а максималната граница е 140, со што спаѓа во категоријата гениј. Нејзиниот резултат е за два поголем од легендарниот Стивен Хокинг и спаѓа во еден процент од популацијата со статус „гениј“, без оглед на тоа што се работи за дете. 

Резултатите ја изненадиле и самата Тара:

„Бев во шок кога ги добив резултатите. Не очекував дека ќе бидат толку добри“.

Инаку, текстот кој што се прави во Оксфорд е писмен, така што Шарифи се фокусирала на разбирањето на зборовите и ги одговорила прашањата на време.

Таткото на малото девојче за британските медиуми изјави дека неизмерно се радува за нејзиниот успех.

„Неверојатно сум горд на неа и ова што го постигна, но морам да признам дека сум изненаден од резултатот. Неверојатно!“

На прашањето со што би сакала да се занимава кога ќе порасне Тара вели:

„Кога ќе пораснам, сакам да учам и работам нешто поврзано со математика“. 

Со ваков резултат 11-годишната Шарифи е квалификувана да стане член на Менса, односно „Високото IQ друштво“.

Кашмиа Вахи

Интересно е што пред три години се случи идентична ситуација. Кашмиа Вахи, 11 годишна ученичка од Велика Британија, а по потекло Индијка, го постигна истиот успех. Откако наишла на Менса тестот додека сурфала на нејзиниот ајпад, Вахи одлучила да се тестира за да им докаже на нејзините родители дека нема потреба постојано да и' досадуваат дека треба да учи, а резултатот бил неверојатни 162 поени.

Подобар доказ од ова не можела ни да замисли :). Неколку години подоцна, се повторува истиот успех со малата Иранка, што е исто така неверојатно.

 

 

 

Објавено:
15 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.347 пати