Египетски мигрант во Италија: Вие ме примивте пред 10 години, сега е време јас да ви вратам на услугата

4 април 2020

Во целата оваа негативна ситуација една светла точка зрачи голема надеж: колективната солидарност се покажа со своето најблагодарно лице.

Секојдневно светот сведочи на хуманост и човечност во различни форми, кои во модерното време беа потценети. И колку и да се тие локални и мали гестови, всушност нивното значење е од бесценета важност.

Нов херој на денот е египетски мигрант кој живее во Италија околу десет години, се вика Самир, има 34 години и е сопственик на маркет за свежо овошје.

Во ова невреме, тој реши да се солидаризира со земјата која како добар домаќин го примила пред една деценија, па сега овошјето од неговиот маркет е достапно бесплатно за неговите сограѓани.

На знак пред неговиот маркет пишува: Вие ми посакавте добредојде пред 10 години. Сега јас ви ја враќам услугата.

Навиваме за човечноста!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Khaled Beydoun (@khaledbeydoun) onMar 29, 2020 at 6:18am PDT

Објавено:
4 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
6.668 пати