Емотивното музичко патување на Каролина...

26 февруари 2018

Се одржаа три од вкупно седумте закажани концерти на Каролина Гочева во Македонската опера и балет. Со секој нов, впечатоците не стивнуваат, а нашата пејачка уште еднаш покажа дека заслужено го има вниманието на публиката.

Емоциите на сцената се прелеваа како боите од портретот кој ја краси сцената, а кој е дело на нејзиниот сопруг Михаил Корубин. 

фото: Златко Божиновски

Од веселите звуци на „Ѕвона“, преку баладата „Будна“, до звуците на чалгија во „Да е сон“, публиката го впиваше секој збор, секоја нота и чувство, со што даде одобрување за новите девет песни, обединети под името „Извор“.

фото: Златко Божиновски

Освен новите песни, оние што допрва ќе одат на некој од следните концерти, ќе уживаат и во дел од репертоарот од претходните албуми. 

фото: Златко Божиновски

Инаку, на сцената се појавуваат околу триесетина музичари, кои придонесуваат за ова емотивно музичко патување да биде совршено.

Четвртиот концерт е закажан за вечерва, додека останатите три ќе бидат после два дена пауза, односно закажани се за 1-ви, 2-ри и 3-ти март.

Во продолжение ви презентираме дел од атмосферата од досегашните концерти.

За крај, новите песни веќе ги има и на официјалниот „Јутјуб“ канал на Каролина Гочева. 

фото: Златко Божиновски

фото: Златко Божиновски

фото: Златко Божиновски

фото: Златко Божиновски

фото извор: Авалон/ Стефан Рајхл

фото извор: Авалон/ Стефан Рајхл

фото извор: Авалон/ Стефан Рајхл

Објавено:
26 февруари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
982 пати