ЕНТЕР Фест - нов музички фестивал во Македонија кон крајот на мај

19 април 2018

Од 29 мај до 03 јуни, на две сцени, надвор и внатре во спортскиот центар Борис Трајковски, започнува ново музичко доживување за љубителите на фестивалите - ЕНТЕРФЕСТ.

Фестивалската приказна која започнува во Скопје ,во периодот кој следува ќе продолжи да патува и низ регионот.

Петдневната забава, исполнета со многу гости од соседните земји, но и пошироко, ќе овозможат публиката да проследи настапи на големи музички ѕвезди.

На вчерашната прес-конференција беше откриено дека во оранизацијата ќе бидат вклучени 1.000 лица, со цел беспрекорно функционирање и движење на посетителите, а кога се тие во прашање, се очекува бројката да достигне и до 200.000 посетители. Исто така, се ветува врвна техничка опрема, специјални светлосни ефекти и совршен звук.

За петте дена колку што ќе трае фестивалот, билетите од денес на пладне се веќе пуштени во продажба по цена од 990 денари, а преку продажната мрежа „МК Тикетс“.

А во продолжение погледнете и кој сè ќе настапи на првото издание на фестивалот:

1. Тамара Тодевска
2. Ера Иштрефи
3. Масимо Савиќ
4. Атомско Склониште
5. Дадо Топиќ
6. Партибрејкерс
7. Ван Гог
8. Игор Џамбазов и Гуру Харе
9. Гоце Саф
10. Опча опасност
11. Марчело
12. ПМГ
13. Дивље Јагоде
14. Ај Кју
15. Земља Грува
16. Кепурдхат
17. Елементал
18. Бени Нон Стоп
19. Неверне Бебе
20. Кербер
21. Визија
22. Конкуринг Лајон
23. Бед Копи
24. Дани
25. ЕнБеКа и Твистер
26. Кара
27. Министерс Галери
28. ДНК
29. Кристина Арнаудова
30. Севдах Бејби
31. Ки
32. Аутмајнд
33. Викторија Лоба
34. Теодора
35. Ничим Изазван
36. Агушеви оркестар
37. Темпера
38. Фолтин
39. Но Нејм Нејшн

Објавено:
19 април 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
700 пати