Есенска идила: Дрвена колиба во близина на Ријека за бегство од реалноста

30 септември 2020

Дрвена колиба во природа, топла атмосфера, чаша вино, ќебе, добро друштво и фантастичен поглед - вака некако би гласел описот на совршено поминат есенски ден.

А токму тоа го нудат сопствениците на колибата „Шуме певају“, која се наоѓа во местото Мркопaљ, на 35 километри од Ријека. 

На страната на „Букинг“ веќе можат да се видат фотографии и да се прочитаат впечатоците од првите посетители. Поради тоа што во моментов ја оспособуваат колибата и за сезоната на снег и не е отворена за гости, не успеавме да дознаеме колку чини ноќевање.

Сепак, со оглед на пандемијата, во оваа убавина ќе можат да уживаат пред се' Хрватите.

Оваа колиба од бајките има огромна тераса, внатре има камин, ентериерот е мошне шармантен и автентичен. Располага и со фурна, а спалната соба има фантастичен поглед.

Просторот е добро опремен со различни содржини, па посетителите можат да си најдат и интересна книга за читање, карти, ситници за подготовка на јадење. Сепак, ако нешто недостасува, во близина има и два маркета. 

Од првите посетители е оценета со максимална оцена 10, а со оглед на трудот кој го вложиле сопствениците, не се сомневаме дека уживањето е загарантирано. За многумина веруваме ова би бил одмор од соништата.

Ние дефинитивно можеме да се замислиме овде, а вие?

Повеќе информации и фотографии можете да видите тука.

Објавено:
30 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.003 пати