ЕУ подготвува роденденска изложба

2 јуни 2015

11265053_10153583056104311_7671690089359903773_n

По повод 15 години постоење на Европскиот Универзитет, утревечер во Културно информативниот центар ќе биде организирана роденденска прослава.

Оние што ќе бидат присутни во галеријата на КИЦ, ќе можат да ја погледнат годишната изложба на студентите од Факултетот за арт и дизајн насловена како „Дизајн: 365/9* - девет дизајнерски соѕвездија“, а за добрата атмосфера ќе се погрижи диџеј Марга Сол.

Преку креативност, убавина, добра музика ЕУ ќе го прослави јубилејот. Покрај добрата забава, тимот на овој приватен Универзитет посочува дека на овој начин уште еднаш вниманието го свртуваат кон студентите, нивното знаење и успех.

Стартот е во 20 часот.

Објавено:
2 јуни 2015
Категорија: 
Култура