Еволуцијата на Меланија Трамп

5 јуни 2017

Приказната на Меланија Трамп откако стана прва дама на САД, се чини многу поинтересна за медиумите отколку напорниот Доналд Трамп.


Родена е во мало комунистичко словенско место Ново Место како што милуваат да напишат странските медиуми, покажувала интерес за мода од најмала возраст, уживајќи да носи волнени џемперчиња, плетејќи сама за себе плетени работи и дизајнирала облекa коja и ja изработувала нејзината мајка Амалија Кнаус која се занимавала со моден дизајн.


„Отсекогаш сум ја сакала модата. Мајка ми беше моден дизајнер и тоа ми е некако во крвта“-ќе изјави во 2016-та Меланија. На сите фотографии од детството и тинејџерството може да ја забележите нејзината вистинска желба да биде во светот на модата. Како мало девојче се појавува на модна ревија за тогаш познатиот словенски бренд „Мура“.

Подоцна ќе биде присутна во речиси сите печатени медиуми во Словенија како млад и надежен модел.

Во 1998 година на една забава во Њујорк, таа веќе го сретнува својот иден сопруг и иден претседател на САД. Нивната свадба  е една од најгламурозните во светот, а Меланија носи венчаница на Кристијан Диор, за која биле потребни 1000 часа да се изработи.

Веќе се поминати неколку месеци од победата на Трамп, но таа се уште се нема преселено во Белата куќа со оправдување дека и е најважно школувањето на нејзиниот син Барон и тоа е причината зошто е се уште во Њујорк.

Ова лето се очекува да се пресели во Вашингтон заедно со синот.

Таа се појавува на официјалните патувања заедно со сопругот, но и почнува да се ангажира околу правата на децата, особено за малолетните девојчиња насекаде низ светот. И покрај разните пишувања во медиумите дека не ужива целосно во новата улога на Прва дама, таа вели дека е горда да служи на својот народ, ќе биде секогаш вистинска и искрена, но тоа ќе го прави на свој својствен начин онака како што таа мисли, а не како некој друг ќе ѝ каже.

Од друга страна пак, може да се види нејзиниот темперамент на моменти кога ја отфрла раката на сопругот, нејзиниот ладен поглед е предмет на секој медиум анализирајќи ја зошто и како таа ретко се смее.

Последна информација е дека овој брачен пар е пред развод поради се поголеми несогласувања. Меланија патем ги издржа сите критики од страна на модните дизајнери веднаш по победата на Трамп, дека нема да сакаат да носи нивни парчиња.

Таа само ги игнорираше. Често соработува со Долче и Габана и Ралф Лорен, нема стилист и сама е одговорна за своите појавувања и изборот на гардероба. Се чини дека тоа одлично го прави !


*Користени фотографии од следните автори:
Mark Peterson—Redux, Bill Miles, Stane Jerko—Reuters, Tadej Znidarcic—Redux, AFP/Getty Images, Brian Prahl—Splash News/Newscom, Peter Brooker—REX/Shutterstock Chip Somodevilla—Getty Images, Joe Pugliese—August Brendan McDermid—Reuters,, Timothy A. Clary—AFP/Getty Images, Carlo Allegri—Reuters, Christopher Morris, Carlos Barria—Reuters

 

Објавено:
5 јуни 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
3.938 пати
Извор: 
time.com