Езерото Комо е перфектна дестинација за вашиот летен одмор

28 мај 2019

Веќе е вистинско време да почнеме да се подготвуваме за годишните одмори и да ги пронајдеме совршените дестинации каде годинава ќе ги поминеме слободните денови.

Ако навремено и добро го испланирате летниот одмор, тогаш можете да отидете на местото што толку долго посакувавте да го посетите без притоа да потрошите цело богатство.

Меѓу првите на листата секогаш е прекрасната Италија и неверојатните места со кои таа располага, а во кои можете да уживате со денови.

Иако многупати сме го споменале, езерото Комо е едно од најпопуларните места во оваа прекрасна земја, а истото мора да го посетите барем еднаш во животот.

Ова фантастично место во кое се вљубени некои од најголемите ѕвезди во Холивуд, се наоѓа на 40 километри од Милано, а токму таму има неверојатна природа со која нема да сакате да се збогувате.

Пролетта е идеално време за да го посетите Комо, бидејќи нема многу метеж, но секако, ако сакате да го доживеете во полн сјај, тогаш летните месеци нека ви бидат приоритет.

Што се однесува до температурите во пролет, истите се неверојатно пријатни и се движат околу 20 – тиот степен, додека во текот на летото истите се нешто повисоки, но секогаш ултра пријатни.

Најголемиот дел од туристите се одлучуваат за сместување во центарот на Комо за да можат да ги посетат сите околни познати дестинации, но секогаш треба да го имате на ум вашиот буџет па според тоа, да планирате сè останато.

Што се однесува до храната, веќе знаете дека Италија е една од омилените дестинации за вкусни специјалитети, па истото е случај и со Комо каде ќе најдете врвни ресторани.

Имајте на ум дека речиси секогаш ќе треба малку да почекате за слободна маса во некои од најпознатите ресторани таму, но така знаете дека храната е и повеќе од одлична.

Секако, постојат голем број ресторани каде можете да пробате традиционална италијанска храна, а цените се доста пристапни за да може да си дозволите барем еднаш да уживате во нивните специјалитети.

Наутро, обидете се да пронајдете некоја локална пекара каде ќе го пробате највкусниот домашен леб и ќе вкусите некои од нивните познати кроасани, па дури и парче пица во кое ќе уживате.

crotto_dei_platani

Ако сакате да го видите целиот град одеднаш, тогаш задолжително купете карта за нивната позната жичарница, а секако, побарајте и некоја од редовните тури со брод за да видите некои од најпознатите дестинации во ова магично италијанско гратче.

За да стигнете од Милано до Комо, можете да купите карта за автобус или за воз, а патувањето трае нешто помалку од два часа.

Инфо: Buro 24/7

Фото: LakeComoTravel, Lee F. Mindel, FAIA

Објавено:
28 мај 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.060 пати