Фановите на Real Betis го преплавија фудбалскиот стадион со плишани играчки за децата без родители

13 декември 2021

Фановите на шпанскиот фудбалски клуб Real Betis ја покажаа својата хуманост на дело и во саботата за полувремето на натпреварот со Real Sociedad, го преплавија фудбалскиот стадион во Севиља со плишани играчки наменети за децата без родители или децата кои празниците ги поминуваат во болнички услови.

Овој хуман гест, кој инаку фановите на Real Betis го практикувале повеќе пати до сега за време на празничниот период, наиде на многу позитивни реакции, а фотографии од стадионот преплавен со мечиња вирално се споделуваат на социјалните мрежи.

Затоа што празниците се време за дарување и хуманост – браво за овој гест за пример.

Фото: GoalGlobal, FOX Soccer

 

Објавено:
13 декември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
180 пати