Fashionel и пријателите ви подготвија празнични изненадувања – отворете ја кутијата со подароци!

12 декември 2018

Време е за подароци!

Новогодишните празници се убав повод да се потсетиме на убавите страни на животот. Празничните изненадувања во овој период од годината, секако придонесуваат за позитивниот и ведар дух во нашето окружување и расположение.

А секој подарок подарен со внимание и со позитивна мисла, е бесценет.

Ние заедно со нашите пријатели ја продолжуваме традицијата и годинава, па одбравме подароци со кои сакаме да ви испратиме најубави новогодишни желби.

Во периодот до крајот на годината, на нашата фан страна на Фејсбук ќе објавуваме фотографии со подарокот што ви го подготвиле нашите пријатели, а вие во коментар под фотографијата треба да го оставите вашето име и презиме и да го споделите постот. Добитникот на подарокот ќе биде селектиран по случаен избор.

Во новогодишниот каталог во продолжение ѕирнете какви подароци ви подготвивме.

Објавено:
12 декември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
671 пати