Фестивал Мозаик- Домашните ѕвезди на петчасовен концерт во СЦ „Борис Трајковски“

18 февруари 2020

Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“. На 28-ми февруари во СЦ „Борис Трајковски“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во петчасовен музички спектал и да слушнат дел од најголемите домашни ѕвезди.

Свои концерти во иста вечер ќе имаат чаирскиот романтичар Владо Јаневски, највлијателниот хип хоп артист Слаткаристика и неговиот гостин,кралот на ромската музика- Ферус Мустафов, еден од најактуелните хип хоп и рап музичари- Сам, легендарните рокери „Елита 5“ и групата „Нокаут“ кои со својата временска машина ќе не прошетаат низ нивната 22 годишна музичка кариера.  

Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20:00, а ќе трае пет часа. Картите се по цени од 150 и 200 денари и веќе се пуштени во продажба на МКТИКЕТС.

По Скопје, концертната турнеја продолжува во Прилеп и Куманово.

Објавено:
18 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
126 пати