Филхармонија посвети концерт по повод 1000 годишниот јубилеј на Бигорски Манастир

24 септември 2020

Вчеравечер Филхармонија посвети концерт по повод 1000 годишниот јубилеј на Бигорски Манастир.

На концертот беа изведени стари македонски изворни композиции, со кои му се оддаде чест на Бигорскиот Манастир кој веќе 1000 години ја облагородува македонската земја.

Со оркестарот диригираше Борјан Цанев, а како солисти настапија Кристијан Антовски (баритон), Игор Милевски (виолина), Петар Христов (кларинет) и Тимко Чичаковски (канон).

"Не може да се сокрие град, што се наоѓа на врв планина. Ниту, пак, светило се пали и става под поклопец, туку на свеќник, и им свети на сите в куќи. Бигорскиот Манастир несомнено го докажува тоа", порачаа од Филхармонија по повод јубилејот.

Водителот Дејан Лилиќ, во уникатно одело на Елена Лука

 

 

Објавено:
24 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
202 пати