Филмови кои не смеете да ги пропуштите оваа есен

Филм на денот: „Everest“

9 септември 2015

Драмата „Everest" е инспирирана од вистински настан што во 1996 година им се случил на две експедиции на Монт Еверест.

После премиерата на Венецискиот филмски фестивал, овој филм ставете го во листата на задолжителни за есенва.

Само колку за потсетување, веќе две години по ред филмовите што го отвараат овој фестивал добиваат Оскари. Станува збор за „Birdman" и „Gravity".
Дали „Everest" ќе ја доживее истата судбина?

Главните улоги во филмот ги играат Џејк Џиленхал, Џејсон Кларк, Џош Бролин и Робин Рајт.
Автори на сценариото се докажани мајстори на својот занает, Вилијам Николсон („Gladiator",„Unbroken") и Симон Буфо кој има Оскар за „Slumdog Millionaire", како и номинација за „Full Monty".

Погледнете го трејлерот во продолжение:

Објавено:
9 септември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
327 пати