Финска е најсреќната земја на светот, Македонија 84-та

22 март 2019

Втора година по ред, Финска е прогласена за најсреќна држава во светот. Според „World Happiness Report“, имајќи ги предвид слободата, довербата, здравиот живот, приходите и други параметри, Финска успеа да ги надмине останатите 155 земји што се најдоа на листата.

Данска и Норвешка се на третото место, потоа е Исланд, а на петото е Холандија. 

Имајќи го овој успех предвид, Финска одлучи да им овозможи на луѓето да ја посетат бесплатно. 

Туристичка организација „Посетете ја Финска“ ја покрена иницијативата „Изнајми Финец“. Заинтересираните треба да снимат кратко видео за својата земја, во кое ќе зборуваат за својата љубов кон природата. Посетата на Финска ќе трае три дена, секој може да избере термин кога најмногу му одговара, како и тоа со себе за земе член на семејството или пријател. 

Исто така, осум локални луѓе ќе бидат ангажирани да им служат на победниците како „водичи низ среќата“, односно ќе им помогнат да ја запознаат Финска на најубав можен начин - преку нејзината природа. 

Престојот ќе се снима и истиот ќе се искористи подоцна за промотивни цели. 

Македонија на оваа листа е на 84 место. Пред нас се Косово (46), Словенија (44), Србија (70), Црна Гора (73) , Хрватска (75) и Босна и Херцеговина (78). Грција е на 82 место.

Зад нас се пак Бугарија (97) и Албанија (107).

На 156., последно место, како најнесреќна држава на светот е Јужен Судан, а пред неа се Централноафриканска Република, Авганистан, Танзанија и Руанда.

Земјите кои забележаа најголем пад во последните 10 години се Јемен, Индија, Сирија, Боцвана и Венецуела.

Објавено:
22 март 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
311 пати