Под покровителство на општина Центар АКК Примо авј и О.К. Класик денеска организираа изложба на прекрасни олдтајмери во центарот на Скопје.

Ревијата на автомобилите се состоеше од два дела – првиот дел, изложба на олдтајмер возила и моторцикли, во кој учество земаа 20 странски и 35 домашни претставници на ексклузивни олдтајмер возила поделени во два периоди до 1970 година и од 1971 до 1984 година.

Вториот дел е олдтајмер рели кое за прв пат се организира во Скопје. Стартот и целта беа пред Општина Центар, по точно одредена рута со претходно изготвена патна книга, а за оваа цел беа затворени неколку низ Центар каде се движеа автомобилите.

Настанот предизвика голем интерес кај граѓаните, па така можевме да видиме група луѓе што будно го следеа релито и сакаа да дознаат информација плус за автомобилите.

Атмосферата и прекрасните олдтајмери погледнете ги во галеријата погоре.

Објавено:
29 септември 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
671 пати