Фото: Магично издание на Д Фестивал!

10 јули 2018

Викендов во Дојран по 8-ми пат се дружевме на еден од најдобрите фестивали на отворено во регионот, со организација во светски рамки, Д Фестивал.

Покрај одличната музичка програма која жанровски шарена донесе и хетерогена публика од сите возрасти, уште еден момент кој и дава посебна магија на целата атмосфера е фестивалскиот камп покрај Дојранското езеро, како тридневна слободна територија на која се слави уметноста и музиката и сè е во име на љубовта и дружбата.

Амбиентот кулминираше на главната сцена, каде имавме можност да уживаме во музиката на: Paul Van Dyk, Архангел, Disciples, Smut, Who see, Sevdaliza, Дуке Бојаџиев, Горан Трајкоски, Funky Fresh и уште многу други, а како специјално изненадување на последниот фестивалски ден на т.н Church stage се појави вонсерискиот Ману Чао кој имаше фантастичен настап.

Се радуваме на секое ново издание на Д фестивал и веќе со нетрпение го очекуваме следното!
Мал дел од тридневната фестивалска атмосфера ви пренесуваме преку фотографиите во галеријата.

Објавено:
10 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
292 пати