ФОТО: Падна снег и во Сахара

19 јануари 2021

Речиси неверојатни фотографии пристигнуваат од Алжир. Сахара, една од најврелите пустини на светот, е покриена со снег.

Како пренесуваат светските медиуми, снегот е забележен во околина на сахарскиот град Аин Сефра во Алжир, а несекојдневната глетка беше споделена и на социјалните мрежи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Karim Bouchetata (@kaaarimo)

Аин Сефра е гратче познато како и „оганот на Сахара“, се наоѓа во подножјето на планината Атлас, а за 40 години, ова е четврти пат да посведочат на снег.

Снежните делови ги израдуваа жителите на Саудиска Арабија, а голем дел од нив специјално се упатија кон пустината во регионот Асер, за да го видат во живо снегот, а и секако, да се фотографираат. 

Температурата се спуштила до минус два, што не се случило 50 години претходно, а мора да се спомене дека сепак се работи за тенка снежна прекривка, што секако не ја намалува фасцинацијата.

 

 

фото: @travel.one; @kaaarimo;

Објавено:
19 јануари 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
379 пати
Тагови: 
Сахара снег