Фото: Селфи не е автопортрет

17 јануари 2015

Во Гем клуб вчера се собраа љубителите на фотографијата. Поводот беше дискусија на тема „Автопортрет“, при што сите пријавени имаа можност да ги изложат своите автопортрети. На оваа тема зборуваа Драги Неделчевски, Иван Дургутовски и Весна Тирицовска. Тие се осврнаа на историскиот развој на автопортретот, разликата помеѓу селфи и автопортрет, иако многумина го доживуваат како едно те исто, како и приказните на тоа што тие вчера го изложија.

Всушност, секој имаше можност да ја раскаже својата фото-приказна, како го создал автопортретот, што означува... Објективот на Fashionel.mk присуствуваше на оваа средба, па во продолжение погледнете дел од атмосферата и изложените дела:

Објавено:
17 јануари 2015
Категорија: 
Култура