Фото: Вратите на Лондон

21 мај 2020

Магијата е на секој чекор. Веројатно на повеќето од нас, во постојаното итање низ животот, често ни се случува да не ги забележиме сите мали волшебства кои ни се буквално пред очи. Но, ако малку застанете и земете здив, ќе видите убавина на секој чекор во секакви форми.

Така фотографката Бела Фоксвел, која патем е фасцинирана од архитектурата и сите нејзини облици, решила да ги документира живописните влезни врат на различни објекти лоцирани во Лондон.

Ваквите архитектонски пејсажи имаат голема улога во креирањето на визуелнот идентитет на градот, а оваа фотографка смета дека не се доволно вреднувани, па така се родил нејзиниот ентузијазам да им го посвети должното внимание со тоа што ќе ги фотографира.

„Вратите имаат голема симболика. Тие се репрезент на нови можности, но исто така асоцираат и потсетуваат на дом. Има нешто толку посебно кај нив", вели фотографката за магазинот „Educate, inspire, change".

Магични се, зарем не?

Фото: Educate, inspire, change

 

 

Објавено:
21 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
168 пати