Фотографии од најубавите жени во светот на заедничка изложба
•
26 септември 2014
Минатата недела во лондонската Little Black Gallery беше отворена интересна изложба на фотографии со наслов „Girls! Girls! Girls!“. Изложбата вклучува фотографии на кои се едни од најубавите жени во светот, односно легендарните супермодели како што се Линда Евангелиста, Синди Крафорд, Џери Хал, Клаудија Шифер, Кејт Мос, но и кралицата на бурлеската Дита вон Тис, Рејчел Вајс и други.
Фотографиите на познатите дами се направени од светски познати фотографи како што се Бруно Бисанг, Боб Карлос Кларс, Мајк Фигис, Патрик Личфилд и други. Изложбата ќе биде отворена до 25 октомври.