Фотографија на македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски се најде на Инстаграмот на Леонардо Дикаприто

7 февруари 2020

Познато е дека оскаровецот Леонардо Дикаприо е еден од најгласните поборници за животната средина и кревањето на свеста за климатските промени.

Токму тоа беше темата и на неговата вчерашна објавја на Инстаграм профилот, при што објави фотографија од плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Се работи за фотографија на македонскиот фоторепортер Роберт Атанасовски, која првично е објавена на Инстаграм профилот на „Си-Ен-Ен“ за климатските промени - @cnnclimate, а во контекст на фотографијата е споделен и текстот:

 

„„Зголемувањето на температурите, кое предизвикува екстремни временски настани низ целиот свет, може да резултира со зголемување на болестите поврзани со жегата и на умирањата, како и со закана од нови заразни болести, тврдат научниците од универзитетот 'Џон Хопкинс'. Екстремната жега особено ќе влијае на децата, постарите луѓе, луѓето што страдаат од хронични болести и на оние што живеат во недоволно развиени заедници", е дел од објавата.

Целата можете да ја прочитате погоре.

 

Објавено:
7 февруари 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.280 пати