„Фрајле“ му посветија песна на Балашевиќ

3 јуни 2021

„Панонском морнару“ е насловот на песната која членките од групата „Фрајле“ ја посветуваат на легендардниот Ѓорѓе Балашевиќ.

„Растевме со музиката на Ѓоле. Првите наши сеќавања од детството, семејните собирања, првите љубови, свирење гитара, се врзани токму за неговите песни. Тој за нас беше куќа, а оваа песна ја напишаа токму тие девојчиња кои се смееја и танцуваа на неговите ритми. Имавме голем учител и сакаме со песна да му кажеме благодариме за се'. Ѓоле, благодарам“, е посветата на групата под песната.

 

 

 

 

Објавено:
3 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
192 пати