Фрида Кало е авторка на најскапото дело на сите времиња

22 ноември 2021

Автопортретот на Фрида Кало неодамна е продаден на аукција во Њујорк за неверојатно 34.9 милиони долари.

Со оваа продажба таа стана стана латиноамериканска уметница, авторка на најскапото уметничко дело на сите времиња.

 

Автопортретот „Диего и јас“ сега е во сопственост на аргентинскиот бизнисмен и колекционер Едуардо Костантини. Покрај ова, интересен е и феноменот на порастот на цените на сликите на Фрида. Во 80-тите цената изнесувала десетици илјади долари, а сега се работи за десетици милиони. 

Со ова, Фрида успева да го засени и својот сопруг Диего Ривера, чија репутација и цените на неговите дела порано ја засенувале неа и нејзиното творештво. 

Сега работите се сменети, а Кало е уметник со одлична репутација и влијание во популарната култура. Неретко е инспирација и во полето на други уметности, меѓу кои и модната. 

Нејзините споени веѓи, продорен поглед и секогаш совршено собраната коса ја направија препознатлива. Признанијата за нејзиниот талент и успехот можеби доаѓаат подоцна од што реално требало, но сепак е важно дека Кало стана дел од историјата како почитувана авторка, а сега и меѓу најскапите.

 

Објавено:
22 ноември 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
204 пати