Гал Гадот ќе биде новата Клеопатра

14 октомври 2020

Една од најпознатите улоги на Елизабет Тејлор е токму онаа за Клеопатра, во остварувањето од 1963 година. 

Студиото „Paramount Pictures“ одлучи да направи нова верзија, односно да сними биографска приказна за Клеопатра, а египетската кралица ќе ја толкува израелската актерка Гал Гадот.

Новиот филм ќе го режира Пети Џенкинс, која со Гадот соработуваше и на популарниот филм од 2017 година, „Wonder Woman“, а работи и на неговото продолжение, чија премиера ќе се случи кон крајот на годинава.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gal Gadot (@gal_gadot) onFeb 10, 2020 at 10:28am PST

Многумина сметаат дека овој избор на режисер може да ја направи приказната за Клеопатра феминистичка, па оттаму и различни размислувања на темата. Исто така, некои имаат замерка за тоа што Израелка ќе глуми египетска кралица, а има такви на кои што им пречи што бела жена ќе биде во улога на Клеопатра. Кога се гласините во прашање, за филмот се „шушкало“ неколку години наназад, а на списокот за главната улога наводно биле и Анџелина Џоли и Лејди Гага, што би бил сосема неочекуван и интересен избор. Има и такви што сметаат дека прашањето на боја на кожа и националност не се воопшто битни кога е уметност во прашање, а она што е факт е дека уште и пред да започне, ова остварување е под завесата на контроверзата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Elizabeth Taylor (@elizabethtaylor) onJun 12, 2019 at 8:45am PDT

 

Како пренесуваат странските медиуми, идејата за новото остварување за жената во која ги освои и Цезар и Марко Антонио е токму од Гал Гадот.

Таа ја ангажирала сценаристката Лаета Калогридис, но освен овие имиња од екипата, се' уште не се знае ни кога ќе започне снимањето, а уште помалку кога би можела да се очекува премиерата.

 

Објавено:
14 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
672 пати