Ги гледавте „Луди 1970-ти“? Доаѓаат „Луди 1990-ти“!

12 октомври 2021

Сигурни сме дека се сеќавате на серијата „Луди седумдесети“, онаа која ги прослави Ештон Качер и Мила Кунис.

Верувале или не, од емитувањето на првата епизода се поминати дури 15 години, а оригинално се емитуваше од  1998 до 2006 година во продукција на „Фокс".

Хумористичната серија која ги стави во фокус животите на шест тинејџери од измисленото приградско место Поинт Плејс во Висконсин, имаше вкупно осум сезони и одлично котираше меѓу публиката.

Па ако бевте меѓу обожавателите, тогаш веројатно ќе ве израдува, или барем заинтригира веста дека наскоро на „Нетфликс“ пристигнуваат „Луди 1990“

Од она што досега е познато, новата серија ќе има десет епизоди, а како автори се потпишуваат Бони и Тери Тарнери, како и нивната ќерка Линдзи. 

Ештон Качер, Мила Кунис, Дени Мастерсон и другите нема да бидат дел од ова продолжение, ниту пак ќе се појават. Од старата екипа ќе ги видиме само родителите - Куртвуд Смит и Дебра Џо Руп.

Дејството на серијата ќе биде сместено во 1995 година, а главните ликови ќе бидат децата на некогашните главни ликови од 1970-тите. 

Сега тие влегуваат во тинејџерското време, а какви се' случувања ќе донесе влегувањето во светот на возрасните, останува да видиме.

За сега нема информации за премиерата или кога отприлика би можеле да ги очекуваме епизодите, но и без тоа, ова е доволен вовед за да ги заинтригира обожавателите на серијата.

 

 

Објавено:
12 октомври 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
502 пати