Го викаат „Синиот град“ и навистина е нешто што ќе ве воодушеви

6 мај 2020

Џодпур е град во Индија, познат уште како „Синиот град“ односно “Сино небо“. Прекарот го добива оправдано, бидејќи речиси сите куќи во него се со иста форма и обоени во сино.  Се верува дека сината боја на куќите порано се користела за да се означи дека во нив живеат браманите, бидејќи сината била симбол на оваа свештеничка каста во Индија.

@monkwhotravels;

Постои толкување и дека сината боја е резултат на хемикалиите кои се употребуваат против термити, а врската со браманите се само случајна бидејќи покрај припадниците на свештеничката каста, во куќите живеат секако и други луѓе.

Но, од друга страна пак, Џодпур е град кој ја почитува чистата животна средина, граѓаните се трудат да го очуваат својот град, така што толкувањето дека ги бојат зградите со отровни хемикалии звучи контрадикторно.

Но, што и да е причината, (туристичка не е секако) сепак овој град обоен во сино воодушевува и навистина е уникатен.

@monkwhotravels;

Иако е вториот град по големина во Раџастан, сепак во него нема неподнослив метеж својствен за некои други индиски градови (и пред вирусот), така што повеќето што го посетиле, можеле навистина со уживање да го запознаат.

Една од знаменитостите што можат да се видат е и палатата Меранагарх која се наоѓа на брдото над овој град и како да го чува уште од неговото основање.

@monkwhotravels;

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од ова несекојдневно место:

 

 

 

 

 

фото извор: @monkwhotravels; @insta_suncity_jodhpur; @india_incredible1; @rajasthanisluv; @chrisgaber_photography; @seventourism; @jodhpur_the_blue_heaven; boredpanda.com;

 

 

Објавено:
6 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.100 пати