Голем интерес за Есенскиот базар на автентични производи

4 ноември 2017

Деновиве на приземјето од трговскиот центар во City Mall, за време на одржувањето на Есенскиот базар има значително зголемена раздвиженост на посетители, кои се заинтересирани да ги погледнат и купат уникатните уметнички производи, кои рачно ги имаат изработено мајстори - креативци. Повеќе од 20тина artisans – уметници преку 18 брендови ги покажаа пред јавноста своите најнови креации како филигран и модерен накит, рачно изработени чанти и чевли, дрвени пеперушки, оригинално нацртани маички, саксиички, сувенири и играчки за деца, брошови, уметнички слики, урбани принтови и рачно изработени шалови на разбој.

Станува збор за имиња и брендови како Mei Ro, Глигор Кузмановски, Ani Soro, Shoewondercrafts, Woodyz, Morpho, Kare workshop, Little things, Farina's handmade, Карло Хорват, Em Ellephantski, Елена Ристовска, UrbanЕra, AnArt, Huggable Dolls - amigurumi, Mighty jewlery, Bulberry и Windmill Shop.

Преку фотографиите на Томислав Георгиев во прилог ви ја пренесуваме одличната атмосфера и непосредна интеракција меѓу уметниците и посетителите на 18те дискретно декорирани штандови во знакот на есента, кои пак самите автори ги дообоија со своите уметнички дела.

Базарот е отворен и во текот на денешниот и утрешниот ден.

Објавено:
4 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
877 пати