Голем успех за нашата култура: Македонската уметница Буба Солак со свое дело на францускиот „Фестивал на сликите“

17 септември 2020

Почнувајќи од денеска па до 20 септември, на плоштадот во Епинал, Франција по шести пат се организира мултимедијалниот спектакл насловен „Fēte des Images" (Фестивал на сликите).

По примерот на културните збиднувања во светските метрополи, овој мултимедијален фестивал е исклучително значаен во профилирањето на ликот на современата уметност на актуелната генерација уметници и можност за соединување на креативци од различни страни на светот.

The Festival of Images 2019 on the Place des Vosges.

За нас е особено значајно што оваа година Македонија за прв пат има свои претставници, уметници докажани во својата фела, што фасадата на „Place des vosgues" ќе ја обојат и озвучат со својата визионерска уметност.

Буба Солак, процес на подготовка

Идејата и изведбата на делото работено на тема „Clavium des Creations" (Создавање на денот и ноќта), е на нашата позната академска уметница Буба Солак, техничката поддршка е на Христијан Петковиќ, а музиката на познатиот композитор Оливер Димитров.

 

Токму оваа екипа успеа да влезе во привилегираното друштво на културни дејци кои следните три дена ќе имаат можност да ја воодушеват публиката што ја следи современата културна сцена.

Place des vosgues

„Морам да споменам дека ова за нас е прво вакво искуство, во овој медиум и дека навистина беше предизвик да експериментираме со фото, видео, звук... Ама сега сме мотивирани многу повеќе. Од големо значење за нас е тоа што сме избрани од жири кое е многу селективно и многу значајно, а сме и меѓу другите европски и светски земји" изјави за Fashionel, уметницата Буба Солак, која додава дека голема заслуга во организирањето има и Почесниот Конзул на Франција во Македонија, г-ѓа Калиопа Стилиновиќ, која била и нивна голема поддршка.

 

Нашата уметнца најави дека е во план делото непосредно да биде претставено и пред домашната публика, на некоја од претстојните културни манифестации во нашата земја.

Ги очекуваме импресиите од вечерашното шоу!

Во продолжение погледнете видео од минатата година.

 

Објавено:
17 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.023 пати