Голема роденденска забава во Скопје ЗОО на 1-ви септември

27 август 2019

„Зоолошка градина Скопје" го слави својот 93-ти роденден!

По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.

Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO" катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката.
Со почеток од 17:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.

Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.

До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат потенцијалени добитници на некој од подароците. Се што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.

Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.
Се гледаме во вашата омилена Скопје ЗОО!

 

Објавено:
27 август 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
419 пати