Групата „Квин“ ќе добие свои поштенски марки

24 јуни 2020

Британската група „Квин“ во јули слави 50 години од своето постоење, а во таа често, Британската кралска пошта (Royal Mall) ќе пушти во продажба 13 специјални поштенски марки.

Со ваквата одлука, „Квин" стана третата група која добила почесни поштенски марки. Први на кои им беше укажана таква чест беа „Битлси" во 2007 година, девет години подоцна и на „Пинк Флојд".

Осми јули е датумот кога официјално ќе бидат пуштени во продажба, а сега се достапни резервации и порачки за истите.

Осум од тринаесетте марки се со насловните страни на легендарните албуми на групата:Queen II (1974), Sheer Heart Attack (1974), A Night At The Opera (1975), News Of The World (1977), The Game (1980), Greatest Hits (1981), The Works (1984) i Innuendo (1991).

Четири ќе бидат со секој член од бендот од некој настап - Фреди на стадионот „Вембли“ од 1986 година, Роџер Тејлор во „Хајд парк“ во 1976, Џон Дикон во Хамерсмит Аполо од 1975 година, а Брајан Меј е прикажан од настапот во Будимпешта од 1986 година.

Трианесеттата поштенкса марка е групна фотографија на членовите на бендот.

Брајан Меј изјави за британските медиуми дека сето ова му изгледа неверојатно, како и дека понекогаш се прашува дали тој успех навистина го доживеале или сонувал. Кога ќе погледне наназад, му изгледа како да го остварил својот момчешки сон, но од друга страна, потенцира дека ќе поверува во сè кога ќе ги држи во раце поштенските марки.

За потсетување, кон почетокот на годинава, „Квин“ беше прогласена за група со најмногу продадени плочи во минатата година (75.000 винили), надминувајќи ги и “Битлси“, “Оазис“ и младата Били Ајлиш.

Објавено:
24 јуни 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
129 пати