Гучи ја постави својата историја на изложба во Бразил

4 јуни 2014

Реномираната модна куќа Гучи, во музејот „Forever Now“ кој е дел од  шопинг центарот JK Iguatemi  во Сао Паоло -Бразил, постави изложба со цел да се оддаде почит на традицијата и долгогодишното постоење на брендот. Станува збор за репликација на парчиња и модни додатоци кои досега беа изложени само во музејот во Фиренца како посебна колекција на архивски парчиња. Наметки, костими, чанти, чевли, шалови се само дел од ексклузивните парчиња кои ќе можат да ги погледнат сите оние што  ќе ја посетат изложбата.

Патрицио ди Марко, Фрида Џанини, Карлос Џересати Фиљо и роберто Паз Патрицио ди Марко, Фрида Џанини, Карлос Џересати Фиљо и роберто Паз

На прославата на оваа инаугуративна изложба присуствуваа креативната директорка на куќата Фрида Џанини и извршниот директор на брендот Игуатеми,  Карлос Фиљо кој се најде и во улога на домаќин на забавата. Гостите се забавуваа со  настапот на легендарната бразилска пејачка Гал Коста. На свечената вечера присуствуваа околу стотина гости, меѓу кои Франсоа Анри Пино, Умберто Кампана, Камила Бел, Александар Бирман, Кели Пике и други.

Објавено:
4 јуни 2014
Категорија: 
Култура