Хари и Меган ниту за Божиќ нема да се спојат со кралското семејство

20 октомври 2020

Принцот Хари и Меган Маркл, нема да ги поминат божиќните празници со Британското кралско семејство.
Како што пренесува „Vanity Fair“, двојката заедно со синот Арчи, Божиќ за прв пат ќе го прослават на нивниот имот во Калифорнија, а втор пат во отсуство на поширокото кралско семејство.


Извори блиски до кралското семејство пренесуваат дека кралицата Елизабета најверојатно ќе биде многу разочарана од оваа одлука, особено ако се земе предвид дека внукот Арчи го нема видено една година.

Магазинот исто така пренесува дека Хари и Меган поради ковид кризата немаат намера за брзо време да патуваат преку Атлантикот.

Фото: Daily mail/ PA/ Reuters 

Објавено:
20 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
507 пати