Со огромен аплауз беше одбележано годинешното издание на Bafta Britannia Awards, кога на сцената се појави режисерот Стивен Спилберг кој му оддаде вистинска почит на единствениот Харисон Форд за неговиот придонес во светот на филмот изминатите години.

„Не можам да дочекам повторно да работам со тебе на Индијана Џонс 5. Ова не е најава, само моја искрена надеж“, изјави режисерот, на што многумина искрено се израдуваа.

На доделувањето на наградите се појави и самиот Индијана Џонс, кој изгледаше навистина елегантно во неговиот црн смокинг како избор за вечерта.

Вистински победници на годинешното доделување на наградите беа и актерката Мерил Стрип која се одлучи за одлична црно – бела комбинација и новата миленичка на Холивуд, Ејми Шумер која носеше црна долга тоалета.

На овој навистина британски настан, награди добија и режисерот Сем Мендес, Орландо Блум, актерот Џејмс Корден и уште многу други кои се појавија во навистина блескави изданија.

Погледнете ги сите присутни во галеријата погоре.

 

Објавено:
2 ноември 2015
Категорија: 
Култура
Прочитано:
358 пати