Хју Хефнер почина на 91 година. Сите мажи сакаа да го живеат неговиот живот. Во далечната 1953 година го запозна светот со неговото култно списание Плејбој и ја изгради неговата империja.
Фото извор: E Online
Роден во Чикаго, како прва професионална работа е забележана онаа во култното списание „Есквајер“. Плејбој според неговите зборови ќе го започне во својата кујна каде пишувал текстови.
Фото извор: Daily mirror
За многу кратко време ова списание ќе биде најпродавано на глобално ниво, а во 70-те ќе достигне тираж од седум милиони примероци.
Првиот број на Плејбој излегува со насловна на Мерилин Монро, онаа позната „тајна“ фотосесија од 1949 година, а фотграфиите Хефнер ги откупува за 200 долари.
Првите примероци на Плејбој се продавале по цена од 50 центи и се објавувал без датум ако треба случајно да се печати втор тираж. Хефнер беше познат филантроп и ветеран од Втората светска војна. Самиот тврдеше дека спил со 1000 жени. Она што сите забораваат за Плејбој е дека имаше извонредни интервјуа.