Хороскопот што не би сакале да го прочитате

3 јули 2020

Брутален и бизарен хороскоп од 1979 година вирално се споделува на социјалните мрежи, поради неговата иронична содржина.

Првично табелата со која се исмејуваат сите 12 хороскопски знаци, беше објавена на Твитер, каде собра околу 490.000 допаѓања и 231.000 ретвитови, па се прошири и на останатите социјални мрежи, па голема е веројатноста дека веќе сте виделе за што се работи.

Контроверзната листа повеќе наликува на вицотека, но со навредлива содржина, отколку на хороскоп што би требало да ја „предвиди“ иднината на читателите според зодијакот.

Коментарите се различни, некои го прифаќаат како хумор, некои дури и се согласуваат со неговата содржина, други пак содржната ја сметаат за недозволиво брутална, но како и да е никој што ќе го прочита не останува рамнодушен, па оттука и виралната популарност.

Доколку сте љубопитни што стои во описот за вашиот хороскопски знак, прочитајте во продолжение, но секако направете го тоа со голема доза на резерва.

Извор: Daily mail

Извор: Твитер

Објавено:
3 јули 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.508 пати