Хотелски елки од кои застанува здивот

20 декември 2014

Еуфоријата околу дочекот за најлудата ноќ во годината полека го достигнува својот максимум. Деновиве кулминацијата се нагласува со последните подготовки околу украсувањето на домот, но и декорирањето на градските плоштади и населби. Без разлика дали новогодишната ноќ ќе ја дочекате некаде во нашата држава или пак во некоја од светските метрополи денес ќе ви ги претставиме најубавите новогодишни елки кои можете да ги видете во лобито на едни од најубавите и најелитните хотели ширум светот.

Four Seasons Hotel - Шангај Four Seasons Hotel - Шангај

Хотелите сакаат да го подигнат нивото на претпразнична атмосфера и затоа секоја година ангажираат модни дизајнери чии креативни решенија се имплементираат во декорот на хотелот, но најмногу во делот на лобито за да им посакаат топло празнично добредојде на нивните клиенти. Како што е ред најмногу внимание се посветува на новогодишната елка која треба буквално да го одзема здивот со беспрекорните украси, милионите светилки и ѕвездениот врв.

Fairmont Scottsdale - Аризона  Fairmont Scottsdale - Аризона

Еве ја листата на највпечатливо уредените хотели со најубавите новогодишни елки:

Објавено:
20 декември 2014
Категорија: 
Култура