Хрватите вчера за последен пат се поздравија со Оливер Драгојевиќ. Низ хрватските медиуми на едно место стоеше напис „Замина за да биде уште повеќе со нас“. И навистина изгледа така, како никогаш да не бил поприсутен.
Хрватска длабоко тагува за неговиот омилен и сакан Оливер. Река луѓе, река солзи, уште толку песни и аплаузи во негова чест - така вчера беше испратен од Сплит за неговата родна Вела Лука.
Познавајќи ја неговата љубов кон морето, со бродови беше испратен до родниот крај, каде повторно го дочекаа аплаузи, песна и солзи.
И тамошните медиуми коментираат дека вакво испраќање не се случило многу одамна. Мештаните на Вела Лука велат дека веќе два дена во местото владее тишина и дека сите искрено жалат за нивниот Оливер.
Освен граѓаните, со Оливер се прости и државниот врв, како и бројни колеги. Пред неговиот дом во Вела Лука сè уште доаѓаат граѓани и туристи и се простуваат од него со цвеќе, свеќи и пораки.
Повеќе погледнете на сајтовите на vecernji.hr и index.hr, од каде пренесуваме и дел од фотографиите:
фото извор: index.hr/vecernji.hr/DinoStanin;