Играта на водата низ ликовниот опис на Блашка Миева

24 февруари 2017

„Играта на водата" е насловена петтата по ред самостојна изложба на младата уметница Блашка Миева, која минатиот викенд беше поставена во Музејот на град Скопје.

„Водата е суштествена инспирација во новите дела на Миева насликана со акварел техника и флуиден колоризам базиран на студени сини тонови. Поттикнувачки елементи за своите дела авторката наоѓа во природата, но исто така и во својата имагинација. Формата не е моделирана туку насликана со широки сумирани потези во кои се инкорпорирани лесни линеарни знаци на топол колорит", вели во својата рецензија Владимир Величковски.

Aвторката на ова се надоврзува:

-Рефлексијата која сите водени површини ја креираат е рефлексија на се што се случува над и под водата. Одразот кој исто така е игра, е всушност судир на бои, облици, кои во водата добиваат нереална, магична перцепција за водата како еден елемент, за кој не сме свесни дека всушност е насекаде во исто време.

Доколку сè уште не сте ја посетиле, изложбата ќе биде отворена до 6-ти март.

 

Објавено:
24 февруари 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
359 пати