„Имагинариум“ – Бевме на изложба кај студентите од Факултетот за арт и дизајн

1 јуни 2022

Вчера во просториите на ЕУРМ, осносно во големата хала на поранешната печатница, беше отворена традиционалната Годишна изложба на студентите од графички, моден и ентериерен дизајн при Факултетот за арт и дизајн од акадамеската 2021/2022 година.

„Изложбата насловена „Имагинариум" е портал кон умствениот простор во кој царува бесконечната имагинација на нашите студенти. По две изданија на Годишната изложба кои се реализираа во дигитална форма заради глобалната пандемија, овој пат се враќаме и во физичкиот простор, кој повторно ќе ни даде можност за интеракција, за размена на идеи и енергии, за дружење. Преку делата на студентите ќе го покажеме процесот на креативен развој и создавање на професионалните кадри од областа на дизајнот", велат од факултетот.

И оваа година, студентите од првиот и вториот циклус прикажаа нови трудови и свежи креативни достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурси за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии.

Погледнете како изгледа светот на имагинацијата, низ нашиот објектив.

Објавено:
1 јуни 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
359 пати