Иницијатива за поздрав: Бесплатна онлајн работилница на тема „Страв и стрес во состојба на изолација поради Ковид-19“

7 април 2020

Онлајн платформата Sweet40+ во соработка со модната куќа Елена Лука, земајќи ги предвид актуелните околности и колку истите влијаат на нашето ментално здравје, иницираат бесплатна онлајн работилнца на тема: Страв и стрес во состојба на изолација поради Ковид-19.

Работилницата ќе ја води стручно лице, доц.д-р Емилија Бошковска, психолог, психотерапевт и член на УО на Комора на психолози.

„Пријавете се во порака на фан страната #sweet40plus или на инстаграм со ваши основни податоци и мејл адреса. За жените кои чувствуваат силна анксиозност и панични напади ќе се организираат и индивидуални терапии", ве покануваат организаторите на работилницата.

Во време кога глобалната криза е дополнителен ризик што го загрозува нашето ментално здравје, важно е да препознаеме техники и методи кои ќе ни помогнат  да се заштитиме, а во тоа најсоодветно може да нè насочат стручните лица.

Иницијатива за поздрав!

 

Објавено:
7 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
184 пати