Инклузивната група „Dancers United“ од Македонија повторно шампиони на Европското првенство во танц

6 мај 2022

Танцовото студио „Dancers United" со голем број освоени медали се врати од Европското првенство во танц, што минатиот викенд на 29 и 30 април се одржа во Варшава.

Со инклузивната танцова точка на лица со типичен и со атипичен развој, успеа да ја одбрани титулата светски прваци и да се закити со уште еден златен медал од Светскиот куп.

Ова е петта по ред титула за инклузивната танцова група која од Варшава донесе уште неколку значајни освоени медали во повеќе категории: златен медал во категорија младинци група латино шоу, сребрени медали во категории деца и јуниори мала група латино шоу, шампионска титула за најмладиот танчер на студиото Емили Нера Кочан во категорија мини кидс латино шоу, сребрени и бронзени медали во категорија латино танци соло девојки и парови младинци.

Значајно е да се спомене дека ова танцово студио од 2013 година во својата програма активно вклучува лица со атипичен развој, односно лица со Даунов синдром и други попречености.

Се потсетуваме на интервјуто со нив на овој линк.

Фото: Dancers United

 

Објавено:
6 мај 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
270 пати