Инспиративни портрети од „обични“ жени со седа коса укажуваат на моќта на природната убавина

5 март 2020

Седата коса не значи старост. Седата боја е идентитет. И кога вашата природа е седа боја на коса, уживајте во неа и потенцирајте ја!

Оваа моќна порака е идејата на фотосесијата во која се вклучени „обични" жени од различни возрасни групи, секоја со своја животна приказна, секоја различна, а секоја толку посебна и убава.

Проектот е на холандска фотографка која живее во Англија, Birgitta Zoutman, која авантурата ја започнала со портрет од нејзината мајка. Но, на оваа серија фотосесии се приклучиле уште жени со седа боја на коса, со што проектот добил на сериозност и големо внимание.

Неодамна фотосесијата која вклучува 15 жени беше објавена и на онлајн магазинот Bored Panda, од каде почна вирално да се споделува.

„Мојата коса почна да „побелува" во моите 20-ти години. Веднаш почнав да ја бојадисувам, имајќи го во предвид општиот став дека седа коса значи дека сте стари. Но, не јас не бев стара. Во 2018 година ја посетив мојата внука со која сме многу блиски, а таа живее во Швајцарија. Тогаш со неа имав еден длабок и суштински разговор, да се прифатиме такви какви што сме и дека нас не нè дефинира тоа што мислат другите. Тогаш одлучив мојата седа коса да блеска", вели Janine Wood, една од портретираните жени во проектов.

Овој проект стана толку влијателен што сега веќе доби статус на заедница со свој профил на Фејсбук: Ladies of Grey.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
5 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
819 пати